Ријана е подготвена за брак

11 октомври, 20190
riri

Ријана можеби ги држи обожавателите во неизвесност во врска со нејзиниот долгоочекуван албум, но во неодамнешното интервју за Vogue, откри детали за иднината на нејзиниот љубовен живот. Поточно, во споменатиот разговор, открива за што размислува кога ќе помисли на потенцијалниот голем ден.

За време на интервјуто со уредничката на култниот магазин, Ана Винтур, таа откри со кого сака да соработува кога станува збор за дизајнирање на венчаницата.

„Веројатно тоа ќе биде соработка помеѓу мене и Џон Галијан“, откри 31-годишната пејачка, која е блиска со британскиот моден дизајнер уште од почетокот на нејзината кариера. Комбинацијата на неговата елеганција и нејзиниот екстравагантен стил треба да резултира со интересен младешки изглед.

Што се однесува до потенцијалниот младоженец, Ријана ја потврди нејзината врска со саудискиот милијардер Хасан Џамел. Иако нивната романса е претежно приватна, парот се дружи од 2017. година, а неодамна започнаа шпекулациите за нивното прво бебе.

„Да, во врска сум долго време и многу сум задоволна“, рече Ријана, која на прашањето дали сака деца, кратко и без размислување одговори: „без сомнение“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi