Роби Вилијамс повторно пред олтар
Британскиот пејач и поранешен член групата Take That, Роби Вилијамс неодамна ја праша неговата сопруга, Ајду Филд, дали повторно ќе се омажи за него.
По повод 40. роденден на неговата сопруга, тој ја отсвири неговата песна „Angels“, клекнувајќи на едно колено на сред подиум. Тој, исто така, ги промени стиховите во „I’m loving Ayda instead“. Потоа, на големо воодушевување на присутните, и се обрати со зборовите:
„Уште нешто, дали повторно ќе се омажиш за мене?”. Американската актерка веднаш се пофали за новостите на нејзиниот Instagram профил, „Одговорот е ДА“.
Роби постојано истакнува дека само благоданение на неговата сопруга се ослободил од дрогата и алкохолот. Инаку, пејачот и актерката се во брак од 2010. година. Тие имаат три деца; седумгодишниот Теодор Роуз, четиригодишниот Чарлтон Валентин и осуммесечниот Колет Џозефин.