20 јуни, 2019

Радио

Ријана одлучи да ги почасти своите верни фанови со специјално издание за Денот на вљубените.

Од брендот долна облека Savage Fenty  подготвија нова колекција со интересен слоган #XploreYourself.

Брендот Savage, се чини дека сепак не можеа да и одолеат на колекцијата за романтичниот ден на заљубените, но сепак се одлучија на малку пожежок впечаток што и одговара на популарната пејачка од Барбадос.

Чипката во боја на фуксија и во розева боја совршено ја следат женската фигура и изгледаат секси и пријатно и ги истакнуваат атрибутите без разлика дали имате фигура на песочен часовник како Ријана, јаболко или круша.

Самата колекција промовира body – positivity и е наменета за сите жени без оглед на нивниот раст. Вклучувајќи сè од деликатни градници со кадифени делови за брадавиците, чипкасти  пењоари, до свилени пижами … дури и камшик за јавање.

 

Остави коментар

Почетна // Забава // Романтична Fenty beauty
Горе