29 февруари, 2020

Радио

Пејачката Селена Гомез никогаш не го криела својот љубовен живот, а тоа е познато уште од нејзината врска со Џастин Бибер, иако таа после него беше со музичарот The Weeknd.

„Мислам дека никогаш предходно не ми било поставено вакво прашање“, изјави 27-годишната пејачка во радио емисијата, а потоа раскажа каков маж бара. „Секогаш се надевам дека личноста што ќе ми пријде ќе покаже интерес за мене како личност, а не како име. Понекогаш е доста тешко, но сепак сметам дека овој пристап е најдобар “, признава Селена, велејќи дека обично од прва препознава дали мажот има добри или лоши намери“, рече пејачката, објаснувајќи како тоа изгледа обично.

„Чувствувам дека во првите пет секунди можам да проценам дали некоја личност сака една или повеќе работи. Ми се допаѓаат забавни мажи, не можам да поднесам арогантни типови и оние кои сакаат да се покажат. Паѓам на разиграни, авантуристички мажи кои се нормални и кул “, заврши Гомез. По овие изјави, многу луѓе веднаш почнаа да шпекулираат дека пејачката можеби зборува за својата поранешна љубов, 25-годишниот Џастин Бибер, за кој многумина знаат дека многу тешко го преболи.

Но, изгледа дека и на Џастин не му е лесно. Имено, на улиците во Лос Анџелес, уловен е на паркинг додека седел во автомобил со сопругата и плачел. Тогаш, речиси веднаш почнаа шпекулациите дека тој бил вознемирен за новата драма со Селена Гомез, неговата поранешна девојка, која повторно ги разбуди духовите од минатото. Селена објави нов албум, а првите два сингла се поврзани за Џастин.

Новите песни на оваа 27-годишна американска пејачка, Look At Her Now  и Lose You To Love Me, веднаш станаа хитови, а фановите забележаа дека Селена му се обраќа на своето поранешно момче Џастин Бибер во тие песни.

Потсетуваме, Селена и Џастин беа во врска осум години, обележана со бројни скандали, дури и измами. Своевремено се пишуваше и за веридба, но после тоа следуваше разделба со меѓусебни обвинувања.

Остави коментар

Почетна // Забава // Селена Гомез: Сакам забавни момчиња, не поднесувам арогантни типови
Горе