7 декември, 2019

Радио

Откриен е љубовниот триаголник!

Според неодамнешните гласини од Холивуд, сестрите Кардашијан се борат над еден од најомилените актери – Бред Пит. Станува збор за сестрите Клои и Кортни.

Според американскиот портал WВ, се започнало кога Бред Пит отишол на една од мисите што ги држи Канје Вест – сопругот на Ким Кардашијан. На овој настан се појавија и некои членови од семејството Кардашијан, вклучувајќи ги Клои и Кортни. Не требаше да помине долго време за да се појави информацијата дека двете сестри се во војна, која ќе биде првата што ќе излезе со Бред.

Еден од изворите, кој наводно бил присутен, рекол дека ‘сестрите се „залепиле“ до Бред, но Кортни доминирала со флертувањето’. Тој исто така изјави дека меѓу нив не постоела никава искра. Од друга страна, извор близок на 55-годишниот актер рече дека станува збор за „глупост“ и дека Бред се дружел со сите, вклучувајќи ги и 35-годишната Клои и петгодини постарата Кортни.

Потсетуваме дека сите тројца членови на овој љубовен триаголник немаат љубовни партнери.

Остави коментар

Почетна // Забава // Сестрите Кардашијан во војна за Бред Пит
Горе