13 декември, 2019

Радио

Фудбалската ѕвезда Cristiano Ronaldo пред себе си постави јасна цел – седум Златни топки и седум деца. Тој досега има освоено пет од најпрестижните награди и доби четири деца, но се чини дека и петтото е на пат. Имено, за време на доделувањето на уште една награда од шпанската листа „MARCA“, на сцената му се приклучи и неговата партнерка Georgina, која привлече големо внимание.

Таа се појави во тесен беж фустан, под кој и ѕиркаше стомакот, а многумина заклучија дека во домот на Ronaldo доаѓа петтиот наследник.

Сепак, ова не е првпат во јавноста да се шпекулира за бременоста на Georgina, па така во април мораше да демантира дека е бремена.

„Четири дена бев на патување и јадев само тестенини, а хормоните сè уште не ми се смирени од претходната бременост“, изјави таа за магазинот „Holla“.

View this post on Instagram

💖✈️ ¡Buen día con amor!

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Остави коментар

Почетна // Забава // Сите погледи беа упатени кон Georgina, но овој пат причината не беше нејзиниот атрактивен изглед
Горе