10 април, 2020

Радио

А постои добра причина за тоа

Откако во 2014. година се раздели со Ник Лоб, актерката Софија Вергара, љубовта ја пронајде со Џо Манганиело, со кого се ожени само една година подоцна. Иако на сите им беше чудно што одлучи да се омажи толку брзо, таа секојдневно покажува дека никогаш не била посреќна. Последните денови се уште попосебни, бидејќи парот ја прослави четвртата годишнина од бракот.

Овој посебен ден и двајцата го одбележаа на социјалните мрежи. Софија тоа го направи со свадбена фотографија на која го гушка и вљубено го гледа својот сопруг, додека Џо објави фотографија  каде што среќно и заљубено излегуваат од церемонијата.

„Среќна годишнина, љубов“, напишаа под двете фотографии, предизвикувајќи лавина коментари и честитки. Дека љубовта одлично и делува, потврдува нејзината витка фигура и блескавиот тен, што ја прави една од најубавите жени. За ова исто така е свесен и нејзиниот сопруг, кој секој слободен момент го користи за да ужива во нејзино друштво, што често го споделуваат со фановите.

Потсетуваме, двојката започна да се дружи во 2014. година, а по шест месеци врска тие се верија. Џо ја запроси Софија на Бадник додека беа на одмор на Хаваи. Тие се венчаа во ноември 2015. година, а нивната раскошна венчавка, на која беа поканети околу 400 луѓе, сигурно ќе биде запаметена долго време.

Остави коментар

Почетна // Забава // Софија Вергара со насмевка потврди дека никогаш не била посреќна
Горе