16 јули, 2019

Радио

Иако има само пет години, се испроба и во модните води!

Американската танчерка Jojo Siva има одлична причина за славење бидејќи неодамна ја доби наградата за Омилена ѕвезда од социјалните мрежи. Бројот на нејзините обожаватели се зголемува од ден на ден, а на нејзиниот шарм не одолеа дури ни малата North.

 Иако има само пет години, North веќе работи на својата кариера. Таа веќе се испроба како манекенка и модел, а сега на ред дојде и YouTube. Нејзина голема желба е да сними видео со својот идол, која наскоро ќе и се исполни. Всушност, JoJo во едно неодамнешно интервју откри дека малата Nort ќе ѝ се придружи во едно од наредните видеа.

View this post on Instagram

My cutie 💥⚡️💥

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Jojo не сакаше да го расипе изненадувањето, па затоа не откри на што работат, но рече дека ќе се снима во нејзината куќа. Планот беше снимањето да се одвива во домот на West, но North многу сакала да види каде живее Jojo, па затоа локацијата е променета.

View this post on Instagram

mood

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

На крајот, JoJo спомена дека постои можност во видеото да им се придружи и Ким.

А за што точно се подготвуваат, ќе дознаеме наскоро.

Остави коментар

Почетна // Забава // Тргна по стапките на нејзината мајка: Малата North West ќе и се придружи на познатата американска YouTube ѕвезда и танчерка!
Горе