15 септември, 2019

Радио

Манекенката, Емили Ратајковски, ги навикна фановите дека објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, но најголемото изненадување го предизвика фотографијата со сопругот, актерот Себастијан Бер-Меклард, заради описот што го објави со неа.

View this post on Instagram

Mom and Dad

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

„Мама и тато“, напиша таа и пробуди сомнеж дека убававицата е бремена. Иако нејзиното стомаче се уште  не е забележливо, фановите се сигурни дека таа ќе стане мајка.

Инаку, манекенката се омажи со нејзиниот сопруг по само три месеци врска, затоа што, како што вели, таа веднаш знаела дека тој е вистинскиот маж за неа.

– Жените секогаш знаат кој е вистинскиот. Знаев дека не треба да се дружам со Себастијан насамо додека бевме во врска, бидејќи знаев дека тој е тој. И следното што се случи беше свадбата – рече Емили во интервју.

Остави коментар

Почетна // Забава // Убавицата го чека првото дете: Емили Ратајковски е бремена
Горе