24 јули, 2019

Радио

Ако некој знае да даде изјава, тогаш тоа е мајката на сите чудовишта, Lady Gaga.

Бидејќи, ѕвездата на филмот „A Star Is Born“ веќе неколку недели успешно се бори со секакви гласини и прашања, како на пример зошто ја прекина свршувачката со Christian Carino, дали таа и  Bradley Cooper се заедно, и што вели Irina Shayk на ова.

Но, таа добро се држеше додека им објаснуваше на новинарите дека таа и Bradley и тие имаат само пријателски и професионален однос, а тоа што изгледаат како да се  вљубени еден во друг,  значи дека се добри актери. „Ха, ве измамивме!”, рече таа во интервјуто со Jimmy Cemal, веднаш откако го доби Оскарот за песната Shallow.

А сепак, овaa мулти-талентиранa уметничка, сега мора да се соочи со нови гласини – дека е бремена. А на ова одговори на најдобар можен начин, со доза на самодоверба и доволно ароганција и бунтовност: „Што да кажам за гласините дека сум бремена?” напиша таа на Twitter во вторникот вечерта. „Да сум, но со својот #LG6.”

Кодот LG6 се однесува на Lady Gaga 6, нејзиниот долгоочекуван албум за кој се зборува долго време. Лајк за начинот на кој им ги затвори устите за озборувањата за бременоста, со „Твитер-бомба“ за нов албум.

Веќе се зборува дека Gaga соработува со продуцентот BloodPop, но и со Rihanna! Е , тоа ќе биде дует!

Lady Gaga, едвај чекаме чекаме!

Остави коментар

Почетна // Забава // Gaga знае како да откачи
Горе