Како Hannah Montana заврши во новата сезона на Black Mirror?

31 мај, 2019
miley

Петтата сезона на возбудливата серија „Black Mirror“, која ги освои гледачите низ целиот свет, наскоро ќе пристигне на малите екрани, а фановите се пособено возбудени околу една епизода во која се појавува Miley Cyrus. Продуцентите на серијата објавија дека епизодата е навистина сурова и емотивна и дека приказната на епизодата е тесно поврзана со животот на Miley, поточно со ликот Hannah Montana.

Епизодата го следи животот на поранешната тинејџерска пејачка, а продуцентите објаснија дека и самата Miley  соработувала во пишувањето на сценарија и создавање на ликовите, а Miley додаде дека епизодата совршено ги покажува сите проблеми со кои секојдневно се соочуваат жените во музичката индустрија.

Можеме само да кажеме дека со нетрпение ги броиме деновите до 5 јуни, денот кога ќе пристигне новата сезона на Netflix.