Meryl Streep, Ariana Grande и Nicole Kidman ќе глумат заедно во новиот филм „The Prom“

1 јули, 2019
ф

Наскоро пристигнува „The Prom”!

Откриени се актерките за претстојната Broadway- адаптација на мјузиклот “The Prom”, која ќе биде креирана од страна на Ryan Murphy, и се чини дека ни подготвува вистински streaming. Новиот мјузикл на Netflix ќе има легендарен тим кој ќе се состои од актерската сила на Meryl Streep, вокалниот опсег на Arianа Grande и фантастичната Nicole Kidman.

Во април, Марфи – најпознат како човекот кој стои зад AHS- и франшизата на American Crime Story, вклучувајќи ги и The People vs OJ Simpson i The Assassination of Gianni Versace – откри дека работи на адаптација на мјузиклот “The Prom”.

Објавувајќи ја веста веднаш по претставувањето на претставата во Њујорк, Murphy, кој потпиша голем договор за продукција, рече дека сака да ја искористи приказната за да покаже “забава која е оптимистична и возбудлива и укажува на правата на LGBTQ заедницата “, oбјавува Hollywood Reporter.

Според извештаите, актерите брзо кажале „ДА“, откако го виделе номинираниот мјузикл  на Tony, со темa за инклузијата и толеранцијата “.