22 март, 2019

Радио

Подгответе ги марамчињата!

Еден од најисплачените филмови на сите времиња „The Notebook“ од 2004. година станува мjузикл на Бродвеј. Jackpot е за сите оние кои сакаат да поплачат во јавност. Оваа среќна вест ја објави  Nicholas Sparks, авторот на книгата по која е снимен филмот. Иако актерите сè уште не се познати, знаеме дека адаптацијата за сцената која значи живот ќе ја потпише ни помалку ни повеќе туку Bekah Brunstetter, продуцентот на серијата „This Is Us“, со која исто така неумерено плачевме.

Да не заборавиме дека моќта на оваа љубовна приказна е толку голема што Rachel Adams иRyan Gossling во текот на снимањето на овој филм се заљубија и беа заедно во реалниот живот. Ние само треба да се надеваме дека фигурата на верниот Noaha Calhouna ќе го отелотвори некој како згоден како Ryan, и со тоа, покрај катарзичкото искуство, ќе ни овозможи празник за очите.

Остави коментар

Почетна // Забава // Нашиот омилен филм ќе стане мјузикл
Горе