„Опушти се и биди смирен“: Што мисли ќерката на Мајкл Џексон за контроверзниот документарец?
Бидејќи првите денови таа молчеше за контроверзниот документарец во кој нејзиниот татко го обвинуваат за педофилија, Парис Џексон, на социјалните мрежи откри што го мисли за тоа.
Нејзиниот пријател од социјалната мрежа Twitter искоментира дека тие „сакаат да го уништат името на Џексон и да престане да се слуша неговата музика“, на што Париз брзо одговори.
– Да, тоа му го прават на секој кој имал добро срце и се обидел нешто да промени, но дали навистина мислиш дека ќе успејат да го уништат неговото име? Дали навистина веруваш дека имаат шанса? Опушти се и биди смирен, напиша таа на Twitter.
HBO неодамна го објави дводелниот документарец во кој Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак го обвинија починатиот пејач за сексуално злоставување од седум години, и тоа додека тие имале четири односно седум години.