Занесен камерман: Хит видео за кое сите зборуваат!

30 мај, 2019
Capture

Режисерот Квентин Тарантино премиерно го претстави своето најново остварување „Once A Upon A Time In Hollywood“ на Канскиот фестивал.

Филмот во кој играат холивудските актери Леонардо Дикаприо и Бред Пит заработи овации по премиерата. Светските медиуми објавија дека аплаузот траел седум минути, а денес светот има можност да види како тоа изгледаше. Сепак, видеото не само што го прикажува воодушевувањето на публиката – прикажува нешто многу подобро!

Камерманот, кој ја имаше честта да ја сними филмскатат екипа по премиерата, толку многу се занесе што на сите им дојде со КАМЕРАТА ВО ЛИЦЕ!

Марго Роби најдобро се снајде, Леонардо не знаеше каде да погледне, а Бред Пит само сакаше да се извлече од него. Погледнете!