15 модели на бели патики во кои сакаме да го поминеме целото лето

5 јуни, 2019
п

Кога би морале да избереме еден пар обувки кои сакаме да ги носиме засекогаш, тоа сигурно ќе бидат белите патики кои за жал многу лесно се валкаат и оштетуваат, но барем имаме изговор на секои неколку месеци да се почастиме со нов пар. Белите патики изгледаат совршено во секоја летна комбинација. Совршено се комбинираат со лелеави фустани со цветни мотиви, но исто така и со нежни костими во пастелни бои.

Одлични бели патики пронајдовме во луксузните брендови како што се Balenciaga, Acne Studios, Prada и Gucci, исто така совршени модели подготвија Nike и Adidas, а тука се и high-street брендовите.

Во галеријата, откријте ги 15те најинтересни бели патики во кои се вљубивме.