9 дневни навики кои ќе ви помогнат на патот до рамен стомак

2 април, 20190
stomak

Променете ги овие работи и повеќе нема да имате проблеми со чувството на подуеност.

Внимавајте сo алкохолот – сите ние подуеностa ja поврзуваме пивото (пивски стомак), но всушност сите алкохолни пијалоци можат да предизвикаат подуеност.

Прескокнете ги спортските пијалаци – ако не се занимавате професионално со спорт, бидејќи овие пијалоци содржат премногу вештачки засладувачи, натриум и други соли за да имате корист од тоа.

Не се гасовите само од грав – кељот, карфиолот и брокулата имаат ист ефект врз вашиот дигестивен систем.

Исфрлете ја сојата од вашата исхрана – хемиски е слична на естрогенот и предизвикува подуеност и дебелеење.

Намалете го внесот на кофеин – иако е познат диуретик, една од последиците на конзумирање многу кофеин е дехидратација, која може да ви  предизвика подуеност- мораме да ве разочараме, но колку помалку кофеин, толку подобро.

Почитувајте го ритамот на вашето тело – вашиот дигестивен систем има свој ритам – повеќе активен е во текот на денот и побавен во текот на ноќта – затоа ако доцна изедете голем или заситен оброк, никако не му правите услуга.

Внесувајте ги влакната на соодветен начин – диетата богата со растителни влакна е добра, но не треба да претеруваме – храната богата со влакна треба да ја јадеме во утринските часови, да пиеме многу вода, и подоцна да се движиме.

Ограничете ја количината на месо која ја јадете – освен тоа што најтешко се вари, антибиотиците кои им ги даваат на животните, исто така можат да ве подујат.

Престанете да пушите – пушењето предизвикува подуеност на дури три различни начини – го зголемува внесот на воздух (буквално), токсините од цигарите можат да предизвикаат воспаление на цревата и пушењето ги убива „добрите“ бактерии во дигестивниот систем кои ви помагаат побрзо да се вари храната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi