1 април, 2020

Радио

Дали се чувствувате омалаксано и уморно и ништо не ви се прави? Дали ви се дремнува на вашата работна маса? Не треба да посегнувате по енергетски пијалоци. Обидете се со една од овие намирници и сигурно ќе ве преплави со енергија.

Спанаќ

Дали постои нешто што спанаќот не може да го реши? Тој е полн со хранливи материи – растителни влакна, витамин К (за коски), лутеин (за очите), а некои истражувања покажаа дека им помага на мускулите во текот на вежбањето. Исто така, во него има многу железо, што значи дека може да ве „крене“ кога сте уморни.

Сок од портокал

Витаминот Ц помага во производство на карнитин, кој ја претвора маснотијата во енергија. Чаша цеден портоклал, плус овошје и зеленчук (пиперки, брокула, јагоди) и ќе пукате од енергија.

Банани

Уште една чудотворна храна полна со хранливи материи. Бананата ќе ве снабди со енергија и ќе одржува стабилно ниво на шеќер во крвта.

Јајца

Протеините од јајца, особено од белките, ни помагаат да останеме будни и да ја одржуваме концентрацијата.

Грчки јогурт

Овој кремаст десерт ќе ви даде двојно повеќе протеини од обичниот јогурт, што ќе помогне да се одржи нивото на енергија.

Квиноа

Оваа намирница кај нас е занемарена, а може да се купи во сите продавници за храна. Нејзините комплексни јаглени хидрати го одржуваат вашиот шеќер во крвта, што значи дека вашата енергија нема да опаѓа.

Остави коментар

Почетна // живот // Дознајте како со помош на храната можете да се борите со секојдневниот замор
Горе