25 јуни, 2019

Радио

Моделот Gigi Hadid моментално е во Лондон, каде што плени со својата убавина на пистите на Fashion Week. И покрај тоа што е една од најбараните имиња во модниот свет, постарата сестра Hadid сега за прв пат доби шанса да ја носи ревијата на познатата британска модна куќа Burberry.

Но, овој пат, покрај самата облека што беше претставена на ревијата, уште поинтересни беа фризурите на манекенките, за што заслужен е познатиот фризер Guido Palu. Тој, „бебешката“ коса на манекенката ја обликуваше со гел, во луксузни украси на челото и понуди интересно решение за овој beauty проблем со кој многу жени се борат.

На Gigi толку многу и се допадна фризурата што ја остави и по ревијата и со неа украде илјадници погледи на улиците во Лондон.

Таа исто така го привлече вниманието и со нејзината ретро облека, со предимензионална тексас кошула и фармерки со рамен крој, обична кремаста ролка и чизми со леопардски принт, а изгледот го заврши со футуристички очила за сонце.

Остави коментар

Почетна // живот // Gigi Hadid ги украде сите погледи на Лондонските улици со необичната фризура
Горе