Лето во знак на накитот и модните додатоци украсени со школки
26 јули, 20200
Трендот кој неодоливо нè потсетува на детството, пред повеќе од две години се врати во светот на модата, а толку многу нè воодушеви што и по две години сакаме да го носиме во сите негови форми. Од обетки во облик на школка, па се до ташни и шешири декорирани со школки.
Одлични акцесоари во облик на школки пронајдовме во луксузните брендови како што се Gucci, Isabel Marant и Etro, а одлични верзии со поволни цени забележавме во Zara, H&M, Mango и Topshop.
Во галеријата откријте ги 30 те најубави парчиња со школки од актуелната понуда.