15 октомври, 2019

Радио

Сите знаеме колку е убаво кога сме вљубени, како прекрасните мисли и посебно чувство не водат низ секојдневниот живот, па уште и ако љубовта ни е возвратена, навистина нема подобро чувство …

Специфичен сјај и искри во очите, вжарени образи и насмевка што не можете да ја скриете од своите усни.

Но, дури и кога немаме партнер или кога нашите чувства не се возвратени со иста мерка, да се има симпатија или тајна љубов исто така може да биде убаво искуство.

Но, дали знаевте дека истражувањата покажале дека ништо не е толку ефикасно во отстранувањето на вишокот килограми како љубовта.

Едно италијанско истражување покажа дека осуммина од десет Италијанци веруваат дека новата љубов е најдобриот начин и за мажите и за жените да се вратат во форма.

Во исто време, дури 74 експерти за исхрана откриле дека љубовта дава чувство на среќа, исто како и чоколадото и другите слатки кои ги стимулираат невроните кои создаваат чувство на задоволство, но тоа не предизвикува зголемување на телесната тежина како споменатата храна!

Но, ефектот на губење на тежината што го предизвикува љубовта, за жал, не трае вечно.

Една третина од Италијанците успеваат да избегнат зголемување на телесната тежина до бракот, додека за 23 проценти од нив, првото дете значи почеток на дебелеењето, и за мајката и за таткото.

Само мал процент од среќните, 12 проценти, ја задржуваат старата тежина. Можеби тогаш решението е постојано да се поттикнуваме да бидеме вљубени.

Остави коментар

Почетна // живот // Дали сакате да го намалите бројот на вагата? Само вљубете се!
Горе