Паровите кои се шегуваат меѓусебно остануваат подолго заедно

26 јули, 20200
12

Сличната смисла за хумор е поважна отколку што мислите.

Дали некогаш ви се случила ваква ситуација – запознавате некој нов човек кој навистина ви се допаѓа, нежен, внимателен и сè изгледа совршено, освен кога гледате некој филм и се случува некоја смешна сцена, вие умирате од смеа, а тој ниту да трепне (освен што можеби ќе ја наведне малку главата на страна и ќе ве погледне чудно како да имате напад)? Или уште полошо, истиот вовед, но наместо филмот, вие ќе се одлучите да направите безопасна шега на негова сметка, но вашиот елегантен господин  одеднаш ќе се збуни?

Ако треба да веруваме во науката, ова е знак за аларм. Имено, професорот Jeffrey Hall  на Универзитетот во Канзас има спроведено 39 различни студии на вкупно 15 000 луѓе за 30 години. Значи, човекот поминал 30 години од својот живот во истражување зошто некои врски се успешни, а некои не. Hall вели дека не е доволно да се бара смислата за хумор во партнерот, бидејќи тоа е премногу општо, она што навистина треба да се бара е слична смисла за хумор. Луѓето велат дека бараат партнер со добра смисла за хумор, но тоа не значи дека истите работи ќе ви бидат смешни. Она што навистина ве поврзува е „хуморот што го создавате заедно“. Под „Хуморот што го создавате заедно“ се мисли на вашите интерни шеги и ова најдобро ќе ја консолидира вашата врска. Не е важно ако сите други мислат дека вашата смисла за хумор е чудна или не ги разбираат вашите шеги, важно е дека вас ви е смешно и дека уживате.

Кога се смеете на шегите на другата личност добивате потврда за својот идентитет преку хуморот, но исто така и за идентитетот како двојка и ова ќе го зголеми вашето целокупно задоволство во врската.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi