Louis Vuitton смисли уште еден бизарен моден додаток
11 февруари, 20190
Бизарен додаток, за бизарна цел.
Пред неколку недели, пишувавме за најновите безжични слушалки на Louis Vuitton и не бевме сигурни која е таргет публиката, но неколку дена подоцна ги видовме на Miley Cyrus и сфативме дека сè има своја публика. Потоа дојде Луј Витон верзијата на популарната игра Џенга, а легендарниот француски бренд продолжи по тој пат, па претстави луксузна футрола за кармин.
Во оваа необична футрола можете да ставите најмногу два кармини и да ја носите како привезок на ланче или ташна, а за ова ќе треба да одвоите 1390 американски долари.
Едвај чекаме да видиме кои познати дами ќе се почастат со овој необичен моден додаток.