6 декември, 2019

Радио

Чевлите со потписот на Jimmy Choo за многу жени се на врвот на списокот на желби, а списоците со желби сега сигурно ќе се пополнат бидејќи популарната модна марка има нова колекција чевли и секој модел изгледа фантастично.

Jimmy Choo има нова кампања наречена „In My Choos“ во која главниот збор го има познатата британска манекенка Роузи Хантигтон-Вајли и се разбира, чевлите од новата resort 2020. колекција. Сите нови модели се дизајнирани и создадени да го надополнат било кој party outfit, вечера или која било официјална пригода какви што ќе ги има во изобилство во декември.

Колекцијата се состои од прекрасни сандали украсени со кристали, машни, бисерни монистри, тул или свилени ленти кои се врзуваат, со супер тенки потпетици и секој пар изгледа бескрајно елегантен и рафиниран, но сепак многу трендовски. „Моето златно стилско правило е дека сè се врти околу чевлите. Класичен црн фустан во комбинација со сјајни чевли е доволно за да имате стајлинг кој привлекува погледи, без разлика дали станува збор за коктел, вечера или свечена манифестација “, рече Роузи Хантигтон-Вајли. Чевлите на Jimmy Choo од новата resort колекција сигурно спаѓаат во оваа категорија!

Остави коментар

Почетна // живот // Новата Jimmy Choo колекција на чевли изгледа фантастично
Горе