25 јуни, 2019

Радио

Со малку коректор и барем еден слој маскара, за само неколку минути сте подготвени да излезете од дома. Но, кога веќе не мора да трошите премногу време на шминкање, важно е производите што ги користите да изгледаат најдобро на вашето лице.

Со цел да избегнете можните грешки при нанесувањето на маскара, ве советуваме да ги примените следните совети.

Премногу долго ја користите истата маскара

Секој make-up производ има одреден рок на траење, па така и маскарата. Препорачаниот период за употреба на една маскара е три месеци, а покрај тоа што се суши за време на овој период, важно е да ја замените со нова поради насобраните бактерии кои можат да предизвикаат несакано воспаление или инфекција на очите.

Ја нанесувате маскарата прво на горните трепки

За да ги избегнете дамките на очниот капак, најдобро би било прво да нанесете маскара на долните, а потоа на горните трепки.

Од кремата за нега околку очите нанесувате на очниот капак и на трепките

Кога ја правите вашата beauty утринска рутина, немојте кремата наменета за нега во областа околу очите да ја нанесувате на очните капаци и трепките. Мрсните трепки и очните капаци ќе резултираат со дамки на очниот капак и ронење на парчиња од маскарата.

Не ја отстранувате маскарата доволно темелно

Идеално би било маскарата да ја отстранувате со масло за отстранување на шминка, за темелно да ги исчистите вашите трепки, така што новиот слој нема да го нанесете врз вчерашните остатоци.

Остави коментар

Почетна // живот // 4 грешки кои треба да ги избегнувате додека нанесувате маскара!
Горе