27 јуни, 2019

Радио

Туширањето е ритуал што сите ние го практикуваме и кој е составен дел од нашиот живот. Но, понекогаш се поставува прашањето, колку пати дневно треба да се тушираме? Минхенскиот дерматолог Кристоф Либич го даде своето мислење, а тоа е – туширање еднаш дневно. Дерматологот Ута Шлосергер се согласи со него.

– И јас сакам да се туширам двапати на ден, но тоа не е препорачливо. Чувствителна кожа бара помалку миење – вели таа.

Дерматологот Либих советува да користите pH-неутрални сапуни за да не го уништите заштитниот слој на кожата. Таа посочи дека со сапун треба да ги миете само следните пет делови од телото:

  • Пазуви
  • Дланки
  • Стапала
  • Средината на стомакот
  • Грб

Кога станува збор за другите делови од телото, експертите препорачуваат употреба на влажна крпа. Исто така, температурата на водата не треба да биде повисока од 35 Целзиусови степени за да не ја исушите кожата.

Остави коментар

Почетна // живот // Се туширате еднаш дневно? Дерматолозите укажуваат на грешките во текот на туширањето
Горе