Во што се чувствуваме секси: Модните инфлуенсерки за гардеробата која им дава самодоверба

3 октомври, 20190
in

Краток црн фустан е нешто во што секогаш се чувствувам привлечно. Различни варијации на темата на славниот Black Little Dress e сигурен стилски погодок. Со оглед на тоа што можам да го носам и во текот на денот и во вечерните часови, тоа е едно од моите омилени парчиња.

Основата на мојот стил е монохроматска палета на бои, како и комбинација на класична и урбана облека со додатоци. Ова лето, тоа се сребрените патики како дел од урбаната култура и нешто необично, скоро детско, искомбинирани со ленен фустан и шешир. Токму оваа комбинација на женственот и лежерност ме прави да се чувствувам навистина предизвикувачки.

Не е доволно само да ги разголите нозете или деколтето. Ова често не е ниту интересно ниту секси. Важен е целосниот впечаток. За жената да се чувствува привлечна, неопходно е, пред сè, да има став – тогаш гардеробата ја носи вистинската порака. Значи, мојот избор за самодоверба би била облека што делумно го открива телото – суптилно следејќи ја силуетата, но не откривајќи премногу. Најпривлечно се чувствувам во облеката што најдобро одговара со мојот карактер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi