22 април, 2019

Радио

Во случај да ви треба научно докажан изговор.

Можеби веќе користите вино како дел од вашата self-care програма во петок, но неговите позитивни ефекти се многу повеќе од релаксација …

Црвеното вино содржи антиоксиданти, особено полифеноли од грозјето, со што се намалува ризикот од срцеви заболувања и се балансира крвниот притисок. Еве неколку интересни работи за придобивките од пиењето на црвено вино, кои веројатно не сте ги знаеле.

Може да спречи кариес

Пурпурната уста од виното не би изгледала толку лошо ако знаевте дека виното ги убива бактериите кои што предизвикуваат кариес, нели?

Исто така, помага при алергии

Неодамна беа објавени 80 независни студии кои го поддржаа фактот дека флавоноидите во црното вино ги намалуваат симптомите на астма и алергии. Потребно е подетално да се испитаат овие импликации, но звучи ветувачко.

Може да го одложи развојот на Алцхајмеровата и Паркинсонова болест

Во едно истражување од 2017. година, научниците, од метаболитите од човечкото црево добиени од црвено вино (или она што е во вашите фекалии по пиење вино) со деградирање на невролошките клетки, добиле неочекувани резултати – метаболитите ги спречуваат клетките да не умираат!

Го намалува ризикот од депресија

Иако тешкото пијанство е често поврзано со лошото ментално здравје, чаша вино дневно (или пиење вино во умерени количини) може да го одржи саканото ниво на ендорфин и да го спречи развојот на депресија. Ова не нè изненадува премногу.

Остави коментар

Почетна // живот // 4 позитивни влијанија од црвеното вино врз вашето здравје
Горе