15 септември, 2019

Радио

Кога станува збор за алкохолните пијалоци, добро е познато дека имаат катастрофални последици по нашето здравје, а се воспоставува дека е особено „непожелен гостин“ за луѓето кои се занимаваат со спорт и со физички активности.

После било каква физичка активност, на мускулите им треба одредено време за да се опорават. Ако се напиеме само една голтка алкохол после вежбање може да го забави процесот, дури и осум часа по вежбањето.

Кога имаме алкохол во организамот, телото не може да ја вари храната што ја внесуваме, туку се „фокусира“ на алкохолот. Ова е причината зошто овие калории се акумулираат во нашето тело наместо да се исфрлат. Поради некоја причина, експертите велат, дека најмногу страдаат нашиот задник и бутовите. Во едно истражување во кое учествувале луѓе од двата пола, се покажало дека алкохолот го скратува сонот и дека луѓето почесто се будат ако се напиле повеќе од една чаша пред спиење. Поради тоа се скратуваат процесите што нашето тело ги извршува додека спиеме, кои ги регулираат нивоата на хормоните кои создаваат мускулна маса.

Значи, ако сакате да изгубите тежина, алкохолните пијалоци се едни од првите што треба да ги исфрлите од вашата исхрана.

Остави коментар

Почетна // живот // Дали некогаш сте се запрашале како алкохолот влијае на вашата линија?
Горе