23 јули, 2019

Радио

 Допаминот е еден од најважните хормони кој е одговорен за тоа дали се чувствуваме добро или не. Кога нивото на допамин е ниско, чувствуваме тага и стрес, и обратно, кога допаминот е на високо ниво, сме среќни  и расположени.

За среќа, постојат сосема природни начини да се подигне нивото на допамин во телото! Докажано е дека делуваат, а можете да ги применувате секогаш, за секогаш да се чувствувате среќни, или по потреба, кога ќе се чувствувате лошо.

  • Вежбање

Секоја физичка активност го поттикнува ослободувањето на ендорфини, допамин и серотонин (хормони на среќа). Редовното вежбање може да ви помогне да се ослободите од стрес, фрустрација и хроничен замор, само ова мора да биде активност во која што навистина уживате.

  • Детоксикација

Акумулираните бактерии и токсини во телото го ослабуваат имунитетот и го намалуваат производството на допамин. Затоа, обидете се да го чистите  редовно вашето тело – ќе бидете поздрави и ќе се чувствувате многу подобро.

  • Избегнувајте пороци

 Шопинг, цигари, кафе, алкохол и дрога прават да се чувствуваме добро, но ефектот е многу краток. Овие навики по некое време може да ви донесат сериозни проблеми, па затоа наместо во нив, уживајте во некои други мали нешта.

  • Слушајте музика

 Еден од наједноставните начини веднаш да се чувствувате подобро и вашето тело да почне да произведува добри хормони е да ја слушате вашата омилена музика. Само неколку минути од слушање на вашите омилени композиции враќа добро расположение и оптимизам.

  • Гледајте се почесто со пријателите

Еден од најлесните начини да го подигнете нивото на допамин е почесто да се дружите со пријателите и со семејството. Дури и ако по природа сте интроверт, состанокот и разговорот со драгите личности ќе направат голема разлика.

  • Бидете креативни

 Креативните активности значително го зголемуваат нивото на допамин во мозокот. Тоа не значи дека треба да стане светски познат сликар – обидете се да направите некоја декорација, згответе нешто, сменете го распоредот на мебелот во станот… Од сето тоа ќе се чувствувате прекрасно!

  • Зголемете го тирозинот

Тирозин е една од најважните хемиски супстанци во човечкото тело, што служи за синтеза на допаминот. За да го подигнете нивото на тирозин, јадете храна богата со оваа супстанца, и на тој начин ќе се ослободите од стресот и ќе бидете многу порасположени. Одличен извор на тирозин се бадеми, авокадо, банани, лубеница, зелен чај и црно чоколадо.

Остави коментар

Почетна // живот // Допаминот е предуслов секогаш да се чувствувате среќно и задоволно: На овој начин можете да го зголемите неговото ниво
Горе