Колку брзо се движите? Ова може да ја предвиди должината на животниот век!

21 мај, 20190
r

Луѓето кои одат побавно имаат доста пократок животен век – 72,4 години за жени и 64,8 години за мажи.

Судејќи според проценките на научниците, брзото движење влијае врз животниот век, дури и ако луѓето кои што одат брзо се многу дебели.

Сепак, експертите додаваат дека не можат да тврдат дека луѓето кои што одат побрзо ќе живеат подолго – истакнуваат дека тие ја докажаувале врската помеѓу двете групи.

Ова секако не е првото истражување кое тврди дека брзото одење е добро за здравјето. И студијата од 2011. година, предводена од професорот по медицина, д-р Стефани Студенски, го покажа исто – брзината со која се движи едно лице може да ја „предвиди“ должината на животот.

Исто така, истражувањето во 2013. година покажа дека побрзoто одење е поврзано со помал ризик од срцеви заболувања и подолг животен век. Една студија во 2018. година укажува на тоа дека благото забрзување на одењето до „просечна брзина“ може да го намали ризикот од рана смрт за  една петтина …

Професорот д-р Том Јетс, кој ја предводеше најновата студија, во некои од претходните студии, покажа дека побрзото одење може да влијае на ризикот од умирање од срцеви заболувања, заклучувајќи дека на тој ризик двојно повеќе се изложени оние кој одат побавно.

„Нашите резултати можат да помогнат, без оглед на телесната тежина, да се потенцира влијанието на физичката активност врз животниот век на човекот”, заклучува д-р Јејтс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *