20 септември, 2019

Радио

Дебелината настанува главно од забавн метаболизам. Всушност, нездравата исхрана, недоволниот сон, стресниот живот, чадот од цигари, без разлика дали сте пушач или не, алкохолот, сето ова нѐ опкружува секој ден.

Со текот на времето, доаѓа до омалаксаност и недостаток на енергија, бидејќи токсичните материи од храната и пијалоците се наталожиле во телото. Овој рецепт ќе ви помогне постепено да го исчистите вашиот организам, а со текот на времето, ќе се стопат и килограмите.

Овој начин бара повеќе трпеливост, не може да се сменат работите преку ноќ. Сè што е брзо кратко трае. Прво треба да го промените вашиот животен стил за да му се посветите на вашето здравје. Почнете со овој рецепт за чистење. Се што ви треба е органски ориз.

Рецепт:

Измерете онолку лажици колку што имате години. Оризот измијте го добро и ставете го во голема тегла. Во теглата истурете топла зовриена вода и затворете ја. Ставете ја во фрижидер. Земете ја теглата во утринските часови, исцедете ја водата и земете една полна лажица ориз. Таа лажица ориз сварете ја во друга вода и изедете ја на празен стомак пред 7:30 часот наутро. Преостанатиот ориз повторно прелијте го со врела вода и откако ќе се олади вратете го во фрижидер. Повторувајте ја оваа постапка се додека има ориз во теглата. По правило, по оризот, не треба да јадете, ниту да пиете уште три часа. Во текот на денот, треба да пиете многу течности и чаеви. Со овој метод сигурно ќе ги исчистите цревата од токсини, но исто така ќе ги исчистите крвните садови и ќе ги зајакнете зглобовите. Има корисен ефект врз регулирање на метаболизмот и на тој начин придонесува кон губење на тежината. Бидете трпеливи и упорни и резултатите ќе бидат видливи.

Остави коментар

Почетна // живот // Третман за почистување на организмот за само 30 дена: евтина намирница која ги топи килограмите
Горе