19 ноември, 2019

Радио

Наместо скапи креми, одлучете се за соодветна исхрана и резултатите нема да изостанат.

Неопходно е стриктно да се придржувате на правилата на оваа тридневна диета, проследена со пауза од еден месец. Неопходно е да внесувате доволно течности, најмалку 10 чаши вода на ден.

Секој ден се започнува на ист начин, со 300 мл топла вода со малку лимон.

Менито е исто сите три дена.

Појадок во 8 часот

• Омлет од 3 белки и 1 жолчка и 150гр печен или варен лосос

• Половина чаша варено млеко од овес

• Половина чаша шумско овошје

Ручек во 12 часот

• 150-200гр лосос на скара или конзервирана туна во свој сос или сардини во маслиново масло

• 2 чаши зелена салата зачинета со 1 лажица маслиново екстра девствено масло и свеж сок од лимон

• Половина чаша шумско овојше

Вечера во 19 часот

• 150 гр печен лосос

• 2 чаши зелена салата со маслиново масло и лимон

• Аспарагус, брокула или спанаќ, зачинет со маслиново масло• Половина чаша шумско овојше

Ужина пред спиење

Внимавајте да не одите во кревет со полн стомак. Последниот оброк изедете го најмалку половина час пред спиење.

• Порција зачинета салата со следниве состојки: краставица, араме алги (неколку кратко варени лисја), рендан целер, 4-5 бадеми и една лажичка луцерка.

Напомена: Оваа тридневна диета се препорачува да се спроведува само еднаш месечно.

Остави коментар

Почетна // живот // Тридневна диета: План на исхрана кој ја затегнува кожата на лицето и ги елиминира токсините од телото!
Горе