Вистинско чудо од природата: Не постои подобар лек за намалување на притисокот и холестеролот

16 декември, 20190
о

Чајот од овес се користи за ублажување на многу симптоми и неправедно се занемарува во третманот за лекување. Само мал број луѓе знаат за сите негови лековити својства.

Ова ситно зрно е богато со фитостероли – супстанции кои ги чистат крвните садови и спречуваат апсорбирање на холестерол во организмот. Овесот можете да го консумирате во форма на каша, но многу полесен начин е да направите чај.

Овој чај е одличен за зајакнување на здравјето на срцето и крвните садови и го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

Овесот се смета за многу моќен и корисен за зајакнување на нервниот систем. Се препорачува за оние кои страдаат од несоница, психолошки замор, вознемиреност и депресија.

Билкарите дури го препорачуваат на лица со мултиплекс склероза.

Ја регулира работата на желудникот, па затоа се препорачува за луѓе кои имаат чувствителни органи за варење.

Исто така, има својства кои се од корист за пациентите со карцином на дебелото црево. Особено е ефикасен во намалувањето на несаканите ефекти што можат да се појават при хемотерапија.

Микроелементитe и флавоноидите кои ги има во избобилство, го зајакнуваат имунитетот и ја подобруваат крвната слика.

Една студија во која биле вклучени на 1540 професионални спортисти од Австралија открила дека секојдневната употреба на овес во исхраната придонесува за зголемување на мускулната маса.

Сите оние кои страдаат од покачен холестерол во крвта и крвен притисок треба да го применат овој чај во нивната исхрана.

 Чајот од овес исто така се препорачува за секој што има егзема, чувствителна кожа или интензивно чешање.

Подготовка:

Потопете 5 супени лажици овес во литар ладна вода и ставете го да се вари. Оставете го да зоврие 5 минути и потоа да се олади. Доколку сакате, засладете со малку мед и консумирајте во текот на денот наместо вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi