Анастасија го ИСКОПИРА стилот на Меланија Трамп и ги распамети луѓето: „Мачко, само ти недостасува Доналд“

19 декември, 2020
melania-trump-anastasija-raznatovix-830x0

За оваа комбинација, Анастасија очигледно беше инспирирана од Меланија Трамп, позната по својот неверојатен стил на облекување.

Не е изненадувачки што Анастасија Ражнатовиќ (22) е следена од нешто повеќе од милион луѓе на Instagram, со оглед на совршениот стил на кој се огледуваат и кои се обидуваат да го копираат многу девојки од нејзината генерација, но и оние кои се многу помлади.

Оваа млада девојка одново и одново покажува дека има добро чувство за „што да облече“ и за која пригода, а овојпат ги воодушеви луѓето со својата елегантна комбинација.

Анастасија беше фотографирана пред семејната куќа во Љутице Богдана, во син комплет што го открива малку стомакот, долг капут, торба „Yves Saint Laurent“ во рацете и црни кратки чизми со потпетици.

За оваа комбинација, Анастасија очигледно беше инспирирана од Меланија Трамп, позната по својот неверојатен стил на облекување.

– Меланија Вaјбс. Состаноци, состаноци, состаноци – напиша таа во описот на фотографијата.

„Мачко, ти недостасува само Доналд“, „Супер си“, „Убава“, „Ова ти изгледа фантастично, треба да го форсираш тој стил“, се дел од коментарите за изгледот на Ражнатовиќ.

escort - Korsan taksi