Божиќен стил: Нивес во женствен костум воодушеви многу обожаватели (ФОТО)

26 декември, 2020
1376868

Нивес Целзијус, пејачка, писателка и член на жирито на популарното шоу „Твоето лице звучи познато“ е многу активна на социјалните мрежи каде има голем број следбеници

Згодната жена од Загреб, која неодамна го прослави 39-от роденден, на Instagram објави фотографија на која позира во женствено издание.

Иако Нивес со задоволство ги споделува своите изданија за „по дома“ со своите обожаватели, кои вклучуваат тренерки, хеланки и слична удобна облека, овојпат авторката на книгата „Гола вистина“ се одлучи за поформална верзија.

Дека костумите се голем хит веќе неколку сезони покажа Нивес, која на својот профил на Instagram покажа дека ѝ одговара бело шик одело.

Својот елегантен стајлинг го зачини со бели потпетици и детали кои многумина од оние кои ја следат модата како Рита Ора или Тејлор Свифт ги обожаваат – црвен кармин.

„Одговарам на вашите прекрасни пораки, моето срце е големо како куќа. Среќен Божиќ, добри луѓе!“, Напиша Нивес покрај фотографијата за која доби безброј комплименти.

Нивес го прослави 39-от роденден во нејзиниот дом, а славеничката беше почастена со вкусна торта.

escort - Korsan taksi