Емина Јаховиќ го изгубила бебето: Пејачката проговори за нејзината болка

2 ноември, 2020
37_1000x0


Пејачката Емина Јаховиќ откри малку познати детали од нејзиниот приватен живот. Таа призна дека го изгубила бебето пред 11 години. -Завршував некои обврски во Белград и не знаев ниту дека сум бремена. Открив дека сум бремена кога се вратив во Истанбул. Нешто не беше во ред со фетусот и го изгубив бебето. Доколку се случи, би сакала да имам уште едно дете и би сакала да биде девојче – изјави Емина.

Emina Jahović i Mustafa Sandal

Покрај тоа, Јаховиќ се осврна на распадот на нејзиниот брак со турскиот пејач Мустафа Сандал и за прв пат раскажа како реагирало нејзиното семејство на тоа.

– Мајка Сенија и сестрата Сабина беа особено против. Мама навистина го сакаше Мустафа и добро се согласуваа. Во некои моменти ми се чинеше дека го сака повеќе од мене – рече пејачката.

escort - Korsan taksi