Јована Јоксимовиќ се вери со НЕГО пред Жељко: Се сакаа 5 години, а сега тој има дете со позната пејачка! (ФОТО)

22 септември, 2020
156881_1-news1-zorana-jevtic_ls

Познатaта водителка и бизнисменот беа на чекор до брак

Јована Јоксимовиќ (39), која деновиве е главна тема на сите медиуми поради напуштањето на ТВ Прва, е во среќен брак со Жељко Јоксимовиќ, со кого има три деца, синот Коста и двете близначки Ана и Срна.

Пред да влезе во врска со сегашниот сопруг, популарното ТВ лице беше во романса со Александар Зеремски, поранешниот директор на телевизијата БК, кој е 12 години постар од неа.

Двојката беше во врска пет години. Само 15 дена по веридбата во 2008 година, Јована го остави, како што се шпекулира, токму поради Жељко Јоксимовиќ.

Тогаш медиумите започнаа да шпекулираат дека таа започнала врска со поп-пејачот, а целата ситуација беше уште поинтригантна бидејќи Јована беше верена во тоа време.

По неколкумесечен молк, Јована и Жељко решија да ја признаат својата љубов и иако во тоа време велеше дека не била за заљубена во Жељко во времето кога стави крај на врската со Александар, Јована сега ја откри вистината за нејзините чувства во тој период.

Како што истакна во едно интервју, таа смета дека од нејзина страна било искрено што следи нејзините чувства и дека сака да ја живее својата љубов со Жељко.

Кратко по распадот на неговата врска со Јована, Александар Зеремски влегол во романса со Александра Радовиќ. Двојката ја доби ќерката Нина по една година врска, но само еден месец по породувањето, пејачката го напушти, а таа никогаш не ја откри причината за падот на љубовта.

escort - Korsan taksi