Карлеуша повторно се занесе со ФОТОШОП: „Ова нема никаква врска со реалноста“

21 ноември, 2020
karli

И додека едни пишуваат дека дивата повторно правела естетски операции, други коментираат дека од што имала премногу слободно време, решила да си игра малку со фотошопот


Со години се коментира дека пејачката Јелена Карлеуша (41) пронашла спас во апликацијата која ја користи за стеснување на половината и бутовите, мазнењето на телото за да го скрие целулитот, стриите или масните наслаги, намалувањето на носот или ставањето на лажни стомачни.


Повеќето се согласија дека Јелена објавува секојдневно фотографии кои немаат речиси никаква врска со реалноста, а на последната фотографија, пишуваат дека таа повторно си „играла“ со фотошопот.
Имено, ова е фотографијата на која Карлеуша го ставила бујниот задник во преден план, а по објавата, фановите ги преплавија социјалните мрежи со коментари.

И додека едни пишуваат дека балканската дива повторно правела естетски операции, други пак коментираат дека од што имала слободно време, решила да си игра со фотошопот.

– “Ова не е реално, па до кога веќе ќе објавуваш вакви нереални фотографии. Нема никаква врска со реалноста. Твојот задник е поголем од мојата иднина. Намали со фотошопот” – ова се само некои од коментарите под фотографијата.
Овој пат Карлеуша не реагираше на бројните провокации упатени кон неа.

escort - Korsan taksi