Нов проблем за Северина: Сега ја тужи судијата, погледнете зошто!

30 октомври, 2020
download (1)



Пејачката Северина Којиќ повторно е во неволја! Имено, судијката Луција Ласиќ ја тужеше за кршење на нејзините лични права, поради што Северина има закажано подготвително рочиште следната недела во Општинскиот граѓански суд, пишува 24 часа. Ласиќ бара од пејачката обештетување од 20 000 куни. Да потсетиме, Северина го рече следново на прес-конференцијата по повод почетокот на „Волшебната турнеја“ минатиот октомври:

– Не знам зошто сум изненадена што се случува тоа и нејзиното систематско психолошко силување од татковци и институции кога ниту жени ниту девојчиња немаат судска заштита и поддршка за физичко силување. Јас и самата поминав низ слично силување во окружниот суд во Сплит, во судската постапка за обид да ми се одземе детето од судијката Луција Ласиќ – рече тогаш Северина.

Патем, станува збор за судијка кој била во судскиот совет на окружниот суд во Сплит, која одлучува за жалбата на Северина против пресудата за привремената мерка со која се одлучи нејзиниот син да живее со неговиот татко Милан Поповиќ.

escort - Korsan taksi