Пејачи, кралеви на теретани, менаџери, а сега и сопственици на винарии…Ќе ви се заврти од момчињата на Северина!

27 ноември, 2020
севе


Пејачката ја носи титулата „Кралица на веридбите“, бидејќи досега била свршена дури шест пати


Последниве денови, медиумите шушкаа околу распадот на љубовта помеѓу Северина (48) и нејзиниот сопруг Игор Којиќ (33), како и нејзината наводна врска со винарот Томислав Воштиниќ (38), што тимот на пејачката го негираше. Но сепак се шпекулира за тајната романса што Северина и Томислав сакаат да ја сокријат од очите на јавноста.


Пејачката зад себе имала бурен љубовен живот, помлади, но и постари емотивни партнери со кои порано била во врска, а бидејќи била свршена шест пати, ја има титулата „кралица на веридбите“. Во оваа прилика ги претставуваме сите партнери на Северина.

Пејачката долго време беше во врска со пејачот на групата „Којоти“, Ален Марин, кој ја запросил за време на љубовната романса. Сепак, таа не се омажила за него, па по раскинувањето, следниот „вистински господин“ на Северина и беше Сречко Варгек.

Северина не се скрасила ниту со Сречко, а нејзин трет несуден младоженец беше Мате Чуљак, со кого раскинала по една и пол година врска. Пејачката подоцна ја пронашла среќата со „кралот на теретаната“, Славко Шајиновиќ, кого го запознала на нејзиниот настап.

Таа се омажила за српски бизнисмен…

Имено, во меѓувреме се запознала со бизнисменот Милан Поповиќ, кога пеела на неговата роденденска забава, а се шпекулира дека тој за тоа и платил 50.000 евра.


Иако во тоа време била свршена за Славко, наводно, искрите меѓу Северина и „кралот на бакарот“ веднаш се запалиле. Пејачката не го тргнала погледот од него таа вечер додека пејачот бил на неговата прослава, но и тој бил воодушевен од нејзиниот изглед.

Иако таа и Славко планирале да живеат заедно во куќата што ја купиле на падините на Учка, таа го оставила затоа што се вљeубила во Поповиќ. Северина и Милан се вериле и го имаат синот Александар од вонбрачна заедница. Сепак, нивната љубов не потрајала, а година и пол откако го добија синчето, започна нивната борба за старателство над нивниот син.

Пејачката по шестти пат се свршила со својот сегашен хирург, 15 години помладиот Игор Којиќ, тие се венчаа на крајот на септември 2015 година, а прославата за 600 гости се одржала во хотел во главниот град.

Имаше многу шпекулации за распадот на бракот на Северина и Којиќ, со кој таа се омажи од сите свршеници што ги имаше, и овој пат поради престојот во Хрватска, додека Игор е во Србија, како и фактот дека родителите на Којиќ ја отследиле пејачката од Инстаграм.

Во меѓувреме се шпекулира дека Северина сега е во врска со Томислав Воштиниќ, сопственик на винарија во Хрватска, но тимот на пејачката ги негираше овие обвинувања, а Воштиниќ истакна дека љубовната приказна со пејачката ја смета за смешна.

-Имајќи го во предвид вашето прашање, би сакале да ве информираме дека станува збор за личност од поширокиот круг пријатели на Северина, во чија винарија се одржа настанот на кој, покрај другите, присуствуваа и Северина и нејзините пријатели. На овој начин, ние отфрламе било каква инсинуација за кој било друг вид на однос – напишаа тие од ПР тимот на Северина.

-Лееелееее, глупост! Ајде, не ме прашувајте за тоа воопшто, смешно ми е – изјави Томислав.

Дали Северина и Томислав сакаат да ја сокријат својата романса од очите на јавноста или навистина нема ништо повеќе од пријателство меѓу нив, останува да видиме со време.

escort - Korsan taksi