„Само што не паднав од столицата, се ежам од глава до пети“- објави Анастасија Ражнатовиќ по земјотресот!

30 декември, 2020
307703_2354287-4564564654646-ff_ff


Ќерката на Светлана Ражнатовиќ и пејачката им се обрати на своите следбеници на Инстаграм откако се почувствува земјотресот во Белград


Хрватска повторно беше погодена од силен земјотрес, чиј епицентар е во близина на Петриња, и се почувствува на целиот Балкан. Земјотресот се почуствува и во Србија, по што на социјалните мрежи се огласија многу познати личности.

Анастасија Ражнатовиќ беше меѓу првите што го стори тоа и не криеше колку е исплашена.

Само што не паднав од столицата, мислев дека халуцинирам – напиша таа и ги праша своите следбеници на Инстаграм дали го почувствувале земјотресот.
Анастасија потоа сподели фотографија од Петриња и напиша:

-Ова е страшно. Јас се тресам од глава до пети. Господ нека ви помогне. Се молам за Петриња.