Се шушка, се шушка… Северина и Игор Којиќ се разведуваат поради трето лице?!

29 септември, 2020
18645510_1696000447360121_7771565291422613504_n-660x442

Долго време се веруваше дека лошата комуникација во семејството е главната причина за брачните несогласувања, но неодамна се појавија сомневања дека ова е само уште една алка во низата.

Иако парот молчи за потенцијалните проблеми во бракот, Северина и Игор Којиќ се разделени веќе некое време, а на социјалните мрежи дури и не си ја честитаа петтата годишнина од бракот, што досега редовно го правеа, пишува порталот Нет.

View this post on Instagram

🥇

A post shared by Igor Kojić (@igorkojic) on

На почетокот на годината, пејачката влезе во конфликт со родителите на нејзиниот сопруг, што доведе до тоа веднаш да ги спакува куферите и сама да отпатува за Загреб, а наскоро и нејзината свекрва Оља и свекорот Драган Којиќ Кеба ја „отследија“ Северина од Инстаграм. Исто и ќерката Наташа, која со години живее и работи во Америка.

Виновен е менаџерот?

Долго време се веруваше дека лошата комуникација во семејството е главната причина Севе да стави крај на петгодишната врска со Игор и да продолжи самостојно, сепак, неодамна се појавија сомневања дека ова е само уште една алка во низата. Всушност настанала заради нејзиниот долгогодишен деловен соработник Томица Петровиќ.

Пејачката наводно го отпуштила Петровиќ токму поради нејзиниот сопруг, иако тие соработувале многу успешно, па сега, се чини, решила да ја поправи таа грешка. Српска сторија тврди дека Игор бил разгневен од објавата на Севка на Инстаграм, во која се наоѓал и Петровиќ, а на чиј опис пишувало: „Имам мал круг на големи луѓе“.

Наводно, Којиќ напишал коментар под таа фотографија, која Северина го избришала кратко потоа: „Ако тргнете од овој првиот, голем круг на мали луѓе. Кога лажицата е во медот, околу тебе сто лица, а кога си во неволја, само Бог и семејството. Пази се од оној кој позеленува кога се смее“.

escort - Korsan taksi