СЕВЕРИНА ИМА НОВО МОМЧЕ?: Нејзиниот менаџер е виновен за нивното запознавање!

24 ноември, 2020
и

Веста дека Северина Којиќ има ново момче, десет години помладо, Томислав Воштиниќ, винар од Иваниќ Град, одекна како бомба на сите медиуми. Она што многумина ги интересира е како се сретнале и запознале, а за тоа, пејачката може да му се заблагодари на својот менаџер Томица Петровиќ.


Откако во јуни годинава ја обнови соработката со човекот со кој прв го раскина договорот по 17 години работа, најблиските луѓе и фанови на Северина беа воодушевени. Освен сопругот Игор Којиќ. Добро е познато дека тој и Томица не се мирисаа и немаа добар однос, поради што пејачката првично ја прекина соработката со менаџерот минатата година. Како што тогаш пишуваа медиумите, Петровиќ се изнервирал бидејќи Северина го слушала сопругот и ги следела неговите совети кога станува збор за нејзината кариера. Тогаш Игор ја презеде менаџерската работа на неговата сопруга, закажувајќи ги нејзините настапи и правејќи го она за што Томица беше задолжен дотогаш.
Сепак, ова лето, Северина, која во меѓувреме се скарала со Игор и не се видела повеќе од половина година, му пружила рака на помирување на нејзиниот пријател и соработник за да и биде повторно менаџер.

Во Хрватска се шпекулира дека лошите односи меѓу сопружниците, Петровиќ, наводно, ги искорил за поврзување на пејачката со неговиот познаник Воштиниќ. Имено, Томица се сретнал со винарот преку пријател кој живее на имотот покрај него на Граберје Иваниќко и кој се дружи со него. Веднаш му се допадна Томислав и знаеше дека и на Северина ќе и се допадне, па организираше собир каде ги запозна. Непотребно е да се каже, искри веднаш се појавија меѓу нив двајца и дека тие продолжија да комуницираат преку пораки а наскоро влегоа во врска.


Да потсетиме, уште од неодамна се шпекулира дека Северина има ново момче со кое се гледа веќе неколку месеци. Наводно, поголемиот дел од летото го поминала на имотот на Воштиниќ, кој што покрај три и пол хектари лозја, има и винарија и куќа. Томислав има брак и две деца зад себе, а по разводот се преселил од Иваниќ Град во Граберје Иваниќко, каде што се наоѓа неговиот имот.

escort - Korsan taksi