Стајлингот на Анастасија Ражнатовиќ за прошетка во Рим е тотално поразличен од сите претходни!

27 септември, 2020
анастасија насловна

Со пеењето на песната „Љубе се добри, лоши, зли“, се огласи утрово во необично издание

Анастасија Ражнатовиќ моментално е во Рим со својата мајка Цеца Ражнатовиќ, од каде што веќе објави неколку видеа на Инстаграм.

Фолк ѕвездата и нејзината наследничка пристигнаа вчера во Италија, а се снимаа и на аеродромот, кога Анастасија ги насмеа сите тајно снимајќи ја Цеца.

Утрово таа веднаш ги поздрави обожавателите со неколку снимки од собата, а првото нешто што изненади многумина беше нејзиниот сосема поинаков стајлинг од вообичаеното.

Анастасија се одлучи за целосно црна варијанта, а носеше и црна капа, што и даде посебна доза на елеганција.

Додека ја пееше песната на групата Магазин „Љубе се добри, лоши, зли“, таа направи кратки видео записи што ги објави на своите Инстаграм сториња, а нејзините обожаватели сигурно ќе бидат воодушевени од ова издание на младата пејачка.

Цеца и Анастасија беа сместени во луксузен хотел и веднаш штом пристигнаа во Рим, за време на прошетката снимија неколку снимки, кои може да ги видите подолу.

escort - Korsan taksi