ТИЈАНА ДАПЧЕВИЌ ги искритикува колешките: Сите личат една на друга, а ретко која знае да пее! (ВИДЕО)

3 ноември, 2020
тијана

Тијана Дапчевиќ, искрено зборувајќи за музиката, истакна дека денешниот поп не е изумрен, но нема кој да го слуша бидејќи сè е сведено на прегледите на Јутуб, како и дека денес е престиж кога некој пејач да знае да пее.


Со Тијана Дапчевиќ се запознавме многу одамна кога ја издаде песната Zemlja mojih snova, која за кратко време стана голем хит, а после тоа хитовите сами доаѓаа. Исто така, Тијана како поп пејачка, која добро се снаоѓа на тоа поле, објасни каде е и дали е целосно исчезнат тој правец во музиката?

“Денес веќе нема ѕвезди, единствена ѕвезда е Здравко Чолиќ. Ретки сме тие кои кога ќе излеземе на бина, буквално го оставаме срцето на сцената. И ние ја уживаме, и ја дишеме таа сцена, а потоа гледате изминале два часа, и како, кога толку бргу поминаа? ! Човече, сакам уште! Ретки сме вакви кои ги оставаме и срцето и душата на сцената, а малкумина се оние кои доаѓаат да не слушаат…

-Тогаш ќе речат попот изумре, ма немој, каде умре? Не умре, еве го, само дека нема кој да го слуша и нема кој да го негува затоа што сето тоа се сведе на кликови, затоа што ако имаш не знам колку прегледи на Јутуб тогаш тоа е мега хит. Никогаш не сум страдала по тоа. Јас само можам да се пофалам и тоа само со вистинска посетеност.
Потоа, Тијана се осврна и на денешните пејачи, потенцирајќи дека е престиж кога некој стварно знае да пее.

“Сега кога ќе го вклучите Јутјуб и ќе ги гледате сите тие песни, и сите тие нови пејачи – сите личат едни на други! И по изглед и по глас. Сите се како една иста личност. И за да успееш, не само тука во шоу-бизнисот, мора да бидеш поинаков. Треба да бидеш свој. Мојот совет е: “Само следи го својот сон и биди поинаков, затоа што ако си ист како сите, ќе траеш колку еден јогурт”, рече таа.

Имајќи во предвид дека секогаш била своја, и поинаква заради нејзиниот глас и заради автентичниот изглед, Тијана се осврна и на фактот дека покрај пеењето, има и талент за глума, но дека луѓето честопати го оспоруваат тоа.

„Јас сум од оние кои тврдат дека треба, ако сте во шоу-бизнисот, ако сте на сцена, треба да знаете и да глумите, да пеете, да танцувате… Да имате нешто што никој друг го нема. Но, во оваа земја не смееш да правиш нешто друго освен пеење. Па, како сега си актерка, а се занимаш со пеење? Еве,како Бијонсе, и сите и се восхитуваме! “

Зборувајќи за нејзината кариера, Тијана рече дека жали што немала повеќе амбиции затоа што сега би пеела на Бродвеј. Покрај тоа, таа истакна дека Тоше Проески ја научил да пее дури и кога и било најтешко.

escort - Korsan taksi