10 дестинации кои највеќе им недостигаат на луѓето во карантин

3 јуни, 20200
imageedit_109_9181668893

Анализирајќи повеќе од 200.000 објави на Инстаграм, истражувачите утврдија кои се местата кои најмногу им фалат на луѓето во карантин.

Откако многу светски земји се најдоа во карантин заради пандемијата на коронавирус и повеќето патувања беа откажани, луѓето почнаа да стануваат носталгични за годишните одмори.

На социјалните мрежи како Инстаграм почна да се појавува хештегот #TakeMeBack, односно во превод „Врати ме назад“ со фотографии на места кои луѓето најмногу би сакале повторно да ги посетат откако ќе биде тоа можно.

Според анализите на над 200 илјади постови, истражувачите утврдија кои се 10-те места кои на луѓето најмногу им недостасуваат.

Најголемиот број на луѓе сакаат да се вратат назад кај пирамидите во Гиза, кои се сметаат за најпознати вакви градби во светот. На второ место се најде индонезискиот остров Бали, додека третото место го зафаќа грчкиот бисер Санторини.

Во другите места на листата се најдоа и две места со њујроршка локација – Бруклинскиот мост и Тајмс Сквер, како и бајковитиот Волт Дизни свет во Флорида.

Со хештегот „TakeMeBack“ луѓето најчесто објавувале и фотографии од Ајфеловата кула како и тајландските очи Phi Phi. Кога станува збор за градови, најмногу им недостигале Њујорк, Париз и Лондон.

Погледнете ја целосната листа на 10-те најносталгични места:

  1. Големите пирамиди во Гиза
  2. Островот Бали, Индонезија
  3. Островот Санторини, Грција
  4. Меџик Кингдом Парк во Флорида
  5. Ајфеловата кула
  6. Големата сфинга во Гиза, Египет
  7. Бруклинскиот мост, Њујорк
  8. Тајмс Сквер, Њујорк
  9. Островите Phi Phi, Тајланд
  10. Волт Дизни светот во Флорида

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi