Апартманот од серијата „Killing Eve“ достапен на Airbnb

8 јуни, 20200
killing-eve-apartment-t

„Killing Eve“ е BBC драма која не забавува перидов додека трае карантинот. Серијата е приказна за врската помеѓу тајниот агент Ив Поластри, која ја глуми Сандра Ох, и убиецот Виланел, играна од Џоди Комер, а локациите каде е снимана оваа серија се вклопуваа во гламурот на серијата. Таква една локација е и станот на Виланел во Барселона.

Иако не можеме сеуште да патуваме поради безбедносни причини, апартманот е достапен за изнајмување на платформата Airbnb за само 232 фунти од ноќ и вие со вашите пријатели можете да ги правите истите работи кои ги прави Виланел во апартманот во серијата. Имотот со две спални во Грациа, се наоѓа недалеку од Паркот Гуел, има голем приемен простор, студио, дневна и трпезариска соба, стаклена галерија, кујна и купатило, а имате и пристап до градина, приватен базен и тераса.

Во однос на дизајнот, сите детали се онака како што ги гледате во серијата.

Куќата е изградена во 1906 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi