Единственото село во кое жителите рачно си ги сликаат куќите

3 мај, 20200
selo

Змии, крокодили, ѕвезди и други геометриски фигури ги привлекуваат погледите на посетителите кои поминуваат крај селото Теебеле во Буркина Фасо во Африка.

Племето Касена коешто живее овде придава голема важност на дизајнот на куќите во кои живее.

Прва куќа која ќе ја забележите е службената резиденција на водачот на племето. Таа е украсена во традиционален касенски стил.

Куќите се градени од земја, дрва, слама и лепешки од крави, а има и побогати за кои се користеле кал и камења.

Куќите заради заштита се градени без прозори. Ѕидовите се дебели 30 см и во нив влегува минимална светлина, а внатре се влегува од мала врата која е помала и од еден метар и на тој начин се отежнува влезот за несакани гости.

Сепак, куќите се најпосебни по она што ги краси однадвор, а тоа е дизајнот кој дава посебно доживување заради својата симболика. Не постојат две куќи со ист изглед, а за цртањето се задолжени жените.

Змиите и крокодилите претставуваат свети животни за овој народ кои ги чуваат од лоша среќа и од болести, а сонцето и ѕвездите симболизираат добрина и надеж.

Бои кои преовладуваат се црвена, бела и црна. Сепак, заради дождливите сезони, по неколку години декорациите исчезнуваат, па обично жените го обновуваат екстериерот на куќите на секои четири години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi