Италијаните честат: дојдете на Сицилија, ние ќе ви покриеме дел од трошоците!

12 мај, 2020
италија

Заради коронавирусот Сицилија изгубила повеќе од милијарда евра од туризмот и била приморана да смисли план за привлекување на туристи. Регионалната власт ќе покрие половина од трошоците на летовите, како и третина од трошоците за хотел. Освен тоа, ќе понуди бесплатни влезници за сите музеи и археолошки наоѓалишта.

Ваучерите за летовите и сместувањето ќе бидат достапни на страната Visit Sicily штом земјата ќе ги отвори границите.

Дури 4, 2 милионои Италијани се вработени во секторот туризам, што чини околу 13% од БДП на Италија. Италијанскиот премиер Џузепе Конте нагласил дека оваа криза е најлоша уште од Втората Светска Војна па наваму.